Зоран Ивановски / Фото: Телма

Тешко ќе останеме на 2,5% инфлација – нејзиното главно жариште е дома, вели професорот Ивановски

„Тешко ќе останеме на 2,5 проценти инфлација, бидејќи е под влијание, пред сè, на надворешните геополитички влијанија, промените на финансиските пазари, меѓутоа, пред сè, инфлацијата го има главното жариште во домашната економија“, рече Зоран Ивановски. универзитетски професор, во вечерашната дебата во „Вин-вин“ на „Телма“.

„Пред Централната банка и во наредната година остануваат предизвиците прудентна макроекономска, односно монетарна политика, со цел да ја контролира ценовната стабилност во државата. Инфлацијата кај нас ја добива сила од она што се и проекциите за наш раст и развој за наредната година, а тоа е стимулација на јавната и приватната потрошувачка“, смета Ивановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот