Наан со лук и путер Фото: Tomás Llamas Quintas / Alamy / Profimedia

„Тејст атлас“ ги објави најдобрите лебови во светот: Меѓу првите 100 е српската лепиња и бугарската мекица

„Тејст атлас“ објави листа на 100-те најдобри леба во светот, а индискиот класик го освои првото место.

За некои, лебот е едноставен основен производ, но вистинските љубители на јаглехидрати знаат дека тој всушност може да биде своевидна уметност. Понекогаш е крцкав, понекогаш мек, понекогаш кисел, а понекогаш се топи во устата – буквално постојат стотици различни видови леб, а кулинарските експерти од „Тејст атлас“ штотуку ги рангираа 100-те најдобри во светот.

Културите низ целиот свет развиле различни начини за подготовка на ова печено јадење, па затоа листата е многу поразновидна отколку што би очекувале. Има секакви видови – од блискоисточни пити и тенки лепчиња до класични лебови со крцкава кора. Сепак, еден меѓународен симбол се искачи над сите: наан со лук и путер, објавува „Тајм аут“.

Ова традиционално индиско јадење обично се служи како прилог со обилно кари и се пече во топла тандури рерна. Кога ќе се испече, се премачкува со путер и сечкан лук – и ете го, совршен, мек, солен и ароматичен.

Тоа не беше единствениот наан на листата – обичниот наан се најде на седмото место, а наанот со сирење на 52-рото место. „Тејст атлас“ го опишува неговиот вкус како „уникатен“ и истакнува дека се користи во индиската кујна речиси 700 години.

На второто место, се најде уште еден индиски леб – Амритсари кулча. „Тејст атлас“ го опишува како „тенко тесто исполнето со компир, кромид, сирење и зачини… обично наросено со семе од коријандер, свежи листови од коријандер и црвена пиперка“. Слично е на лебот наан, но со дополнителен фил – како што велат, ако нешто функционира добро, не треба да го менувате.

Третото место му припадна на роти канаи, уште еден тенок леб поврзан со Индија, но според „Тејст атлас“ најпознат во Малезија. За да се подготви, тестото се превиткува неколку пати, така што финалниот производ има слоевита текстура, мека внатрешност и крцкава надворешност.

Српската лепиња го зазеде одличното 29-то место. Велат дека овој класик е мека и сунѓереста погача од квасец, популарна низ целиот Балкан, слична на турското пиде или пита. Обично се прави од брашно, вода, сол и квасец. Откако тестото ќе се подготви, се пече во рерна на висока температура.

Тие понатаму велат дека оваа лепиња најчесто се користи како основа за ќебапи од мелено месо кои имаат речиси култен статус на Балканот.

Меѓу првите сто се најде и бугарската мекица на 27-то место, потоа на 58-то босанскиот сомун на 63-тото место познатиот хрватски „леб под капак“ (kruh ispod peke).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот