„ТЕ САКАМЕ ЛУ“: Ромелу Лукаку слета во Милано! (ВИДЕО)

twitter.com/Nerazzurri_Ale

Според британските медиуми, Ромелу Лукаку за сума од 72 милиони фунти ќе го облече дресот на Интер и така ќе се оствари големата летна желба на тренерот Антонио Конте.

Во доцните часови, поточно во 02.00 часот фудбалерот пристигна на аеродромот во Милано со цел да го финализира договорот, а беше пречекан од бројни медиуми и околу 200 фанови на Интер кои извикуваа „Те сакаме Лу“.

Денеска се очекува Јунајтед да го потврди договорот, но е сигурно дека ја прифатиле понудата од 72 милиони фунти плус 12 милиони како бонуси во разговорите со агентот на играчот, Федерико Пасторело во Лондон.

Беше објавена и слика на „Инстаграм“ како Пасторело го најавува доаѓањето во Милано со Лукаку кој ги пропушти тренинзите и сите пријателски мечеви на Јунајтед, односно тренираше со својот поранешен клуб Андерлехт во Брисел пред да бидат договорени сите услови со Интер.

Претходно Белгиецот се поврзуваше и со трансфер во редовите на италијанскиот шампион Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот