Лукаку во Јувентус, но има еден „проблем“!

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, белгискиот интернационалец Лукаку во принцип се согласил за преселба во редовите на Јувентус.

Според Goal.com, Белгиецот Лукаку ги договорил своите лични услови со тимот од Торино и ќе добие девет милиони евра за сезона, доколку одлучи да се пресели во италијанскиот шампион.

Но, за да биде реализиран овој трансфер, Пауло Дибала мора да се согласи да преземе во насока „Олд Трафорд”.

Аргентинецот не е многу воодушевен од ваквата можност и во моментот не дава дефинитивен одговор.

Се проценува дека Дибала сака премногу висока плата од Манчестер Јунајтед и тоа е главната причина за забавување на трансферот. Тој во моментов добива 7,5 милиони евра по сезона во Јуве.

Досега Лукаку во дресот на „црвените ѓаволи“ од 66 натпревари постигнал 28 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот