Сака повисока плата од Погба, во спротивно ќе го „налути“ Јуве!

twitter.com/adriandelmonte

Аргентинскиот фудбалер Дибала од финансиски аспект го „кочи“ трансферот“ од Јувентус во Манчестер јунајтед, а Интер тоа ќе се обиде да го искористи.

Барањата на играчот се проблем во договорот меѓу Јуве и Јунајтед за трансфер во кој во спротивен правец би тргнал напаѓачот на „црвените ѓаволи“, Ромелу Лукаку.

„Сан“ тврди дека Дибала бара повисока плата од онаа која ја има Пол Погба на „Олд Трафорд“, а „Скај Спорт“ информира дека целта му е да заработува двојно повеќе од моменталните 7,5 милиони евра, вклучувајќи бонуси.

Воедно „Кориере дело Спорт“ на својата насловна страница објави дека Интер има намера да ја искористи ваквата ситуација и го ангажира Дибала. Тоа не е ништо ново, токму актуелниот директор на клубот од „Џузепе Меаца“, Бепе Марота го доведе во Јувентус од Палермо додека работеше за тимот од Торино.

Интер смета дека понудата на Јувентус за Лукаку е директна „навреда“, бидејќи тренерот на миланскиот клуб Антонио Конте одамна говореше дека Белгиецот е прв на листата засилувања. Претходно се шпекулираше дека и Тотенхем е во трката за потписот на Аргентинецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот