Дибала сега на пат кон Манчестер!? (ФОТО)

twitter.com/ForzaJuve2017

И претходно се говореше дека Дибала би можел да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, поточно во редовите на европскиот вицепрвак.

Од моментот кога дојде Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, уште после првата сезона изрази желба да си замине, а сега се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед. ПСЖ исто така е во редот за неговиот потпис, а се шпекулира дека и би можел да оди во Интер како замена за Мауро Икарди.

– Постојат некои понуди, има одреден интерес, но чекаме конкретен потег за да можеме на еден мирен начин да донесеме одлука – се зборовите на потпретседателот на „Старата дама“, Павел Недвед.

Ситуацијата стана сериозна, новинарот Ди Марцио кој донесува воглавно точни информации во јавноста, тврдејќи дека претставниците на Дибала се моментно во Манчестер каде што се договараат личните услови.

Јуве сега чека и конечен одговор од Дибала, кој мора отворено да каже дали сака да остане или да си оди, а Манчестер се обидува да направи притисок. Шампионот на Серија А инсистира да биде продаден во странство, а не на пример во Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот