Тотенхем со трансфер рекорд за Дибала!?

twitter.com/ForzaJuve2017

Премиерлигашкиот клуб Тотенхем ќе се обиде да го доведе Дибала од Јувентус, објавија голем број италијански и англиски медиуми.

Се очекува „петлите” да платат 80 милиони евра за услугите на играчот кој е желба на менаџерот Маурисио Покетино, кој го смета за идеален партнер на високите позиции на Хари Кејн.

Аргентинецот тешко ќе биде во плановите на Маурицио Сари по силната летна селекција и ретко би бил во стартните 11.

Тој самиот сака да замине, но проблемот е што неговиот клуб бара премногу за него.

Во Италија велат дека неговата цена е 100 милиони евра, па дури и таквата примамлива понуда од Тотенхем можеби нема да биде доволна за негов трансфер. Во секој случај, се водат „преговори“ меѓу двата клуба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот