Таткото на Новак Ѓоковиќ го најави крајот на кариерата на најдобриот на сите времиња?!

фото: EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Новак Ѓоковиќ и на 36 години сè уште игра врвен тенис, што го покажа годинава со две грен слем титули и финалето на „Вимблдон“. Воедно многумина се прашуваат кога ќе заврши кариерата на српскиот тенисер и до кога ќе може да игра на највисоко ниво.

Иако е „забранета тема“ во тимот на Новак Ѓоковиќ, неговиот татко Срѓан зборуваше за тоа во документарната серија „Новак – нераскажани приказни“. Тој смета дека Новак веќе требаше да замине во пензија.

– Не дека е крај, туку за година и пол. Тоа е моја желба како татко, односно мислев дека одамна требаше да престане да ја работи оваа ужасно тешка работа. Ова не е спорт, ова е страшно напорна работа, во секој поглед, и физички и психички. Затоа што има уште многу малку од својот живот затоа што е целосно посветен на оваа работа, еве веќе 30 години и не се откажува – изјави Срѓан Ѓоковиќ.

Тој истакнува дека што се однесува до него, Новак пред многу години ги исполнил сите негови желби како тенисер.

– Новак ми ги исполни сите желби пред седум-осум години. Сето останато е неверојатен бонус. Но, тоа не е целиот негов живот, тенисот е само еден сегмент од неговиот живот. Тој ќе биде препознаен и познат во светот по тоа што го правеше после овој свет на тенисот, од кој ќе си замине, се надевам, следната година – се зборовите на Срѓан Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот