Таткото и ќерката кои се удавија во Рио Гранде погребани во Салвадор

Таткото и ќерката кои се удавија во реката Рио Гранде, обидувајќи се илегално да влезат во САД, погребани се во Салвадор.

Оскар Мартинес (25) и неговата 23-месечна ќерка Енџи Валерија погребани се една недела откако вознемирувачката фотографија, на која се гледаат нивните безживотни тела во реката, го обиколи светот.

Тие се погребани во јужниот дел на Сан Салвадор во присуство на околу 200 роднини и пријатели. На новинарите не им беше дозволено да присуствуваат на погребот.

Мартинез ја пренел својата ќерка и се вратил на другиот брег да и помогне на сопругата. Но, девојчето паднало во река, а тој се обидел да ја спаси, но двајцата биле однесени од силна речна струја.

Фотографијата со нивните тела ја објави мексиканскиот весник „Хорнада”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот