Таравари: Ембла повторно е во училница и треба да се чувствува како да е во нејзиниот дом
Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари најави дека проблемите со отпорот на некои родители, дете со даунов синдром да следи настава во училиштето „Единство-Башкими” ќе бидат надминати. Таравари по средбата со таткото на Ембла и раководството на училиштето потврди дека таа ќе се врати во училницата за четврто одделение.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ваквата одлука дојде по средбата на градоначалникот на Гостивар Таравари, директорот на училиштето Зијадин Нуредини, таткото на Ембла, персоналниот асистент и дефектолог во просторијата во која девојчето добива поддршка од стручно лице.
Таравари појасни дека на почетокот на декември минатата година, неколку родители реагирале и се пожалиле на нејзиното однесување и направиле петиција, но за тоа не бил информиран.
– Во согласност со мајката, девојчето било префрлано во други одделенија за се адаптира. Тука настанал пропуст, бидејќи тоа е не добро за неа која има посебни потреби. Таа може да биде час или два во присуство на личната асистентка и дефектолог во една форма на третман што би придонело за нејзина инклузија. Ова е прв ваков случај во нашата општина и никој не се пожалил, бидејќи има повеќе деца со даунов синдром кои се инклузирани и следат настава. Сепак е добро што седнавме заедно да поразговараме и да се координираме за надминување на оваа состојба. Ембла повторно е во училница и таа треба да се чувствува како да е во нејзиниот дом, изјави Таравари.
Тој смета дека изминативе 4-5 години локалната самоуправа вложува многу за инклузијата на децата со посебни потреби и дека овој случај не ја отсликува состојбата во гостиварската општина.
Таравари напомена дека општеството треба да покаже поголема хуманост и разбирање кон ваквите деца за кои рече дека се „дар од бога” и да бидат прифатени. За него, обелоденувањето на случајот е добро, бидејќи на ваков начин се охрабруваат и други родители кои се соочуваат со вакви проблеми да проговорат за проблемите.
Благодарност за приемот и средбата искажа и Илир Адеми, таткото на девојчето, кој искажа надеж дека ова ќе биде последен ваков случај. Министерот за образование, Јетон Шакири, лично му ветил на таткото на 11-годишната Ембла, дете со Даунов синдром, дека ќе го реши проблемот.
Вчера беше пренесено дека родителите на ученици од ОУ „Единство-Башкими” во Гостивар ја бојкотираа наставата, бидејќи не сакале таа да посетува настава со нивните деца, под изговор дека девојчето било агресивно.
Ембла е вратена во класот со децата чии родители бараа да се тргне од настава


