Таневски: Ова е една голема лекција за нас!

Фото: Слободен печат

Македонија ЃП и на реваншот денеска на ФФМ Тренинг центарот загуби од Алашкерт со резултат 0:3.

Тренерот на „лавовите“ од Ѓорче, Александар Таневски после мечот на прес конференцијата им ја честиташе победата на Ерменците и нивниот пласман во наредното второ коло.

– Противникот покажа дека е поискусен од нас и му посакувам многу среќа во наредните мечеви. Ние нема што да жалиме, бидејќи како клуб во последните две години направивме голем напредок. Ова е една голема лекција за нас, знаеме дека во фудбалот не можете сè на брзина. Во последните две години клубот успеа од Втората, да се врати во најдобрата Прва лига. Можам само да им порачам на моите играчи, главате горе, Македонија ЃП ќе продолжи и во иднина да работи, а сега се насочуваме кон првенството – беа зборовите на Таневски.

На вакви натпревари е присутна психологијата, после примањето гол на домашен терен, и тактичкиот план не би помогнал, и самите шанси се сведуваат на минимум. После првиот примен гол, се прабеа грешки, конфузно настапуваа неговите фудбалери, беше платен данокот на неискуството.

– За да продолжите понатаму во Европа, морате многу повеќе, од сите нас. За да го поминете еден Алашкерт, ќе морате да дадете и нешто повеќе од себе. Ние денеска тоа не го докажавме – додаде тренерот на Македонија ЃП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот