ТАМУ ЖЕНИТЕ СЕ ГЛАВНИ: На овој грчки остров парите и моќта се кај жената

женски грчки остров
Фото Профимедиа

На жената местото ѝ е дома, затоа што таа е глава на домот, сметаат мештаните од грчкиот остров Карпатос.

Овој грчки остров освен што има прекрасна природа и неповторливи плажи, негува и исклучителна почит кон жените. Неговите жители се особено горди со оваа нивна традиција.

Ова особено е изразено во селото Олимпос, кое се наоѓа во северниот дел од островот. Таму жените водат продавници, работат, го држат семејството на едно место, носат традиционални носии и ги носат главните одлуки за животот во селото.

Фото Профимедиа

Исто така, презимето се наследува според бабата на мајката, а во семејството токму жената е она која раководи и располага со финансиите.

Тие се одговорни за пренесување на традиционалните вредности на овој грчки остров, особено за локалните рецепти за автентични рецепти.

Исто така, одржуваат курсеви за кулинарство и уникатни туристички тури. Иако туризмот не им е главна стопанска, тие многу ги ценат странците кои доаѓаат и секогаш се трудат достоинствено да ги угостат.

Дознајте и кој грчки остров е најатрактивен според европските туристи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот