Такито со пилешко: Крцкава мексиканска закуска или вечера со пријатели
Мексиканската кујна е една од најпопуларните во светот. А и како да не биде кога нè искушува со специфични вкусови, бои и текстури кои се проширија низ целиот свет и им овозможија на сите да уживаат во карактеристични зачинети деликатеси.
Препорачано
Вкусната тортиља за многумина е првата асоцијација со мексиканската кујна. Бурито, енчилада, фахита, начос, кеседиља, тако и многу други видови кои се лесни за подготовка, практични за носење на работа и се вистинска експлозија на вкусови кои можеме да ги подготвиме по наш вкус.
Една од највкусните варијации е крцкавото такито, традиционално мексиканско јадење кое се состои од тортиља исполнета со фил од месо, зеленчук или сирење и виткана во ролат што одлично оди со сосови на база на крем. Такито на шпански значи „мало тако“ и е најпопуларната мексиканска храна за забави.
Состојки:
– 6 тортиљи од пченка
– 300 г пилешки гради
– 1 мал кромид
– 100 г крем сирење
– 100 г рендан полутврд кашкавал
– мексикански зачини за такитос
– сол, бибер
– масло за пржење

Подготовка:
Кромидот и пилешките гради исечкајте ги на ситни коцки. Зачинете го пилешкото со мексикански микс зачини, сол и бибер и пропржете го на масло. Извадете го пилешкото и пропржете го кромидот во истото масло. На кромидот додадете крем сирење и половина од ренданиот кашкавал. Мешајте кратко додека да се растопи кашкавалот. Додадете го пилешкото и сè добро измешајте. Покријте ја тортиљата со смесата и убаво расукајте. За да не истече филот, прицврстете ги краевите со чепкалки за заби. Пржете во длабок слој масло додека не поруменат. Послужете со сос по ваш избор, по можност со сос на база на крем. Совет: За малку поздрава варијанта, такитaтa ставете ги во рерна. Печете ги на 220 степени околу 20 минути.


