Тајзи со емотивна објава: Дечко го истетовира мојот лик, смета дека мојата песна го спасила во сообраќајна несреќа
Рап-изведувачот Драган Величковски, попознат под сценското име Тајзи, објави фотографија од тетоважа со неговиот лик и ја раскажа трогателната приказна зад неа.
Препорачано
„Тетоважа со ликот на Тајзи. Има приказна позади ова…
Пред неколку години, еден дечко ми пиша пред концерт дали може да направиме муабет и да испиеме една пијачка.
Тој ми објасни дека имале страшна сообраќајна несреќа, после која колата им завршила во отпад. Полицијата се чудела како е можно да нема повредени. Во тој момент, на радио пеела мојата песна ‘Чувај ни га Боже’… Тој е убеден дека токму тоа ги спасило, почувствувале некоја чудна енергија.
View this post on Instagram
Му кажав: ‘Понекогаш Бог дава втора шанса, сега имаш мисија и почни да го работиш тоа што срцето навистина ти го сака’. Тој ме послушал, почнал да тетовира и да работи, па пред некое време ми ја прати сликава и ми кажа: ‘Кралу, ова е најмалку што можев да направам за тебе.’ Сам се истетовирал во знак на почит кон моето дело. Солзите сами почнаа да течат…
Мојата музика не е само песна, туку многу повеќе од тоа… Јас не сум ѕвезда и никогаш не сум бил. Јас сум само Сонце кое грее души како што е оваа и ги инспирира да станат најдобрата верзија од себе.
Не ми требаат статуетки и награди, ова е мојата награда. Слава на Бога!“, пишува Тајзи.
View this post on Instagram
„Чувај ни га Боже“ е една од најпознатите песни на Тајзи, а според многумина – печат на неговата музичка кариера. Тој ја напиша оваа песна и му ја посвети на својот трагично загинат другар од детството, Игор Ѓелиќ- Ѓешо.


