Тајландскиот крал му ја намали затворската казна на поранешниот премиер

Таксин Шинаватра / Фото EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Тајландскиот крал Маха Ваџиралонгкорн му ја намали казната на поранешниот премиер Таксин Шинаватра од осум на една година затвор, објави кралскиот весник.

„Тој го почитуваше процесот, се изјасни за виновен, се покаја и ја прифати одлуката на судот. Сега е стар, болен и има потреба од професионална медицинска нега“, соопштија од кралската палата.

Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра кој претходно побегнал, во август стапнал на тајландска почва за прв пат од 2008 година, враќајќи се од егзил во затвор само неколку часа пред парламентот да гласа за формирање влада. Таксин (74) кратко се појавил со членовите на семејството на терминалот за приватни авиони на аеродромот во Бангкок, насмеан и мавтајќи со стотиците поддржувачи, пред да биде одведен во полициски конвој до Врховниот суд, а потоа во затвор.

Таксин, милијардер и лидер на популистичката партија Феу Таи, побегнал во странство пред 15 години пред да биде затворен за злоупотреба на моќта, две години откако војската го соборила со пуч, наведувајќи ја корупцијата и нелојалноста кон моќната монархија, што тој го негира.

Неговото враќање поттикна раширени шпекулации дека Феу Таи склучил сојуз со поранешните непријатели во војската и естаблишментот, овозможувајќи му безбедно да се врати дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот