„Таа мисли дека е бунтовничка на новото време“: Ќерката на Мадона мета на критики (ФОТО)
Многумина ја критикуваат младата и несекојдневна Лурд дека е „само лоша копија на својата славна мајка“.
Препорачано
Некои светски медиуми пишуваат дека „никој не знае со што точно се занимава ќерката на Мадона“, Лурд Леон (23). Критиките одат дотаму што таблоидите неретко се обидуваат да ја оцрнат Лурд дека „освен што понекогаш ќе се појави во некој спот на нејзината мајка и ќе позира за одделни магазини, оваа девојка има само една цел – да провоцира“.

Овојпат причина за критики се фотографиите од папараците кои неодамна ја фотографираа Лурд во центарот на Њујорк како се дружи со пријателите, пуши на улица и шета без заштитна маска, и покрај пандемијата.

Лурд е облечена во речиси транспарентен топ, без градник, често истегнувајќи се со цел на папараците да им ги покаже своите пазуви, кои исто така често ги покажува и на социјалните мрежи, нагласувајќи дека секоја жена не треба да се мачи и треба да изгледа како што таа посакува, а не како што налага патријахатот.

Обожавателите на Мадона често одат предалеку, кажувајќи дека оваа девојка е само „евтина копија“ на својата славна мајка.

Но и покрај злонамерните критики, Лурд има огромна поддршка на социјалните мрежи поради нејзиниот порив да ги брани правата на жената, еднаквоста и слободата на изразување.


