Таа е ДОКТОРКА, од нејзините мускули мажите ДОБИВААТ ВРТОГЛАВИЦА, а сега им го СКРШИ И СРЦЕТО (ФОТО)

инстаграм

Обожавателите ја нарекуваат Чун Ли, според ликот од култната борбена игра „Street Fighter”.

Судејќи според фотографиите кои ги постави на Инстаграм, докторката Јуан Херонг е доволно силна на потенцијалните противници „да им ги скрши коските“.

Меѓутоа, мускулестата интернет сензација од Кина на фановите шотуку им го скрши срцето.

Таа, имено, неодамна на Инстаграм објави видео на кое ја пробува венчаницата. Нејзините верни следбеници можеа да видат како таа ги покажува мускулите во бела облека. Со надеж дека венчаницата ја пробала само на шала, многумина во коментарите и понудија дури и брак.

View this post on Instagram

试婚纱

A post shared by 袁合荣 (@yuanherong1229) on

Освен на мускулестото тело, многумина и завидуваат и на професијата со која се занимава: таа е докторка, специјализирана за традиционална кинеска медицина.

– Толку си убава – и напиша еден следбеник.

– Но уште повеќе ти завидувам затоа што си доктор и им помагаш на другите. Тоа е доказ дека имаш добра душа и дека си паметна.

На кинеската платформа Веибо, мускулестата докторка ги сруши сите надежи на обожавателите кога соопшти дека од десети октомври официјално е мажена, а дека среќниот избраник исто така е доктор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот