СЗО со порака до властите: Ставајте ги контактите во изолација (ВИДЕО)

Среде вториот бран на пандемијата на коронавирусот и наглиот пораст на бројот на заразени во Европа и САД, шефот на СЗО, Мајкл Рајан им порача на властите: „ставајте ги контактите во изолација“.

– Ако имав право на една желба, со цел да подобриме само една работа што навистина можеме и да ја промениме ситуацијата, тоа ќе биде да се осигура дека секој поединец што бил во контакт со потврден случај со ковид-19 да биде ставен во карантин  потребниот период, за да се прекрши ланецот на пренос на инфекцијата- рече Мајкл Рајан на прес-конференцијата во Женева.

Тоа е една од главните причини што гледаме толку високи бројки, потенцира тој.

Потрагата по контакти е отежната во многу европски земји.

– Минатата недела СЗО забележаа 50 проценти зголемување на бројот на инфекции во половина земји во Европскиот регион – рече тој.

– Знам дека на луѓето им е доста, но овој вирус покажа дека може повторно да се појави со голема брзина и да им се заканува на болниците и здравствениот систем ако не обрнеме внимание на мерките- изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.

Во светски рамки, бројот на заразени со коронавирус надмина 40 милиони, а бројот на смртни случаи е 1,1 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот