СЗО инсистира да не се игра фудбал во наредните 18 месеци!?

фото: твитер

СЗО ги разгледува сите можни сценарија, а ваквата долга суспензија на фудбалот би можела уште повеќе да втурне огромен број клубови во финансиска нестабилност.

Светската здравствена организација препорача УЕФА да ги откаже сите меѓународни фудбалски турнири до крајот на сезоната 2020/2021 година.

Како што пренесува „Ла Република” оваа препорака ја имаше на видео конференција во разговорите меѓу УЕФА и водечките европски клубови.

СЗО инсистира да не се игра фудбал во наредните 18 месеци, од страв дека ќе се прошири втор бран на коронавирусот.

Формирана е работна група со цел да се разгледаат опциите како да биде завршена сезона, но и натаму е неизвесна ситуацијата.

СЗО исто така ги разгледува сите можни сценарија, а ваквата долга суспензија на фудбалот би можела уште повеќе да втурне огромен број клубови во финансиска нестабилност поради недостаток на приход.

Екипите низ целиот свет веќе ги повикаа своите играчи да прифатат намалување на платите за да им ги олеснат проблемите со готовина.

Европската фудбалска куќа повторно ги помести термините за Лигата на шампионите и Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот