„Својата валканица кај тебе флека ќе ја направат“: Снеже Велков со уште една емотивна женска приказна
Снеже Велков раскажа емотивна и мотивирачка приказна во која сите жени можат да се пронајдат.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Еј лепотице, ако не ми те смее и не ми те радува, ако не ми раснеш покрај него, туку секој ден ми венеш, лепотице ич не ми ти треба да ми те смалува. Ако откако ќе го видиш не си барем малку посреќна, ич не ти ни требало да го сретнеш. Никој, лепотице. Нит машко, нит женско. Нит близок, нит подалечен. Нит потенцијален, нит намерен. Не ми ти треба никој што ќе ми ти мрачи, лепотице. Да си бираш, лепотице. Не дозволувај секој да ми ти ја валка аурата. Оти има такви што идат со намера својата валканица кај тебе флека да ја направат“, објави на Инстаграм водителката на емисијата „Нешто конкретно“ која оваа порака ја објави со интересна фотосесија.

Во едно интервју за „Слободен печат“, таа зборуваше за сопругот и за двата сина.
„Јас сум примерна и културна мајка, која по дома се дере како луда, хахаха. По дома знам да негодувам и тоа повеќе за себе отколку за нив. Си ставам премногу обврски на грб и потоа друг ми е крив. Момците завршуваат работа, ама треба да ги потсетувам.
Инаку, не се сметам за строга туку за правична. Сакам да се знае дека секое однесување има своја последица и ако не си спремен да си ја сносиш последицата, тогаш мора да си го смениш однесувањето. Од тие родители сум што оставам практично да се уверат во нештата на своја кожа, па нека донесат суд потоа, да не биде јас така кажав, па ти види“, рече шарматната водителка.
Интервју со Снеже Велков: Повеќе ме плаши да не застарам отколку да остарам


