Светскиот шампион во шах го обвини противникот : Се сомневам дека Ниман мами

Фото: EPA-EFE/IDREES MOHAMMED

Светскиот шампион и еден од најдобрите шахисти во историјата, Магнус Карлсен, во последните недели е во средиштето на голем скандал откако се повлече од турнирот „Синкфилд куп“ по партијата која ја одигра против Американецот Ханс Ниман, а една недела подоцна повторно играше против истиот противник на „Чемпионс чес тур“.

Карлсен го предаде мечот по само еден одигран потег по што започнаа шпекулациите дека причина за повлекувањето на светскиот шампион е наводното мамење, односно дека Ниман не играл според правилата и за тоа јавно признал.

Ханс Ниман призна дека во периодот од 12. до 16-та година мамел на специјализираната страница за шах „chess.com“ и дека жали поради поради.

Но, Карлсен верува дека мамењето на Ниман е од поголеми размери и сега за прв пат јавно го соопштува тоа.

– Знам дека некои мои постапки ја фрустрираа шаховската заедница, но и јас сум фрустриран, сакам да играм шах, да продолжам да играм шах на најголемите светски турнири. Мамењето во шахот претставува егзистенцијална закана за нашиот спорт и сметам дека дека организаторите на шаховските натпревари мораљ да ги засилат безбедносните мерки и методите за детектирање на измами. Кога видов дека Ниман е поканет на Синкефилд купот 2022 година, помислив дека треба да се повлечам уште пред почетокот на турнирот – стои во официјалното соопштение на Карлсен.

За Карлсен е сомничав невообичаениот напредок на Ниман во последните неколку години.

– Верувам дека Ниман користел незаконски средства многу повеќе и многу подоцна отколку што тоа јавно го призна. Кога игра шах на табла, неговиот напредок е невообичаен. За време на нашата партија на споменатиот турнир имав впечаток дека тој воопшто не е напнат или дека воопшто не е концентриран на играта додека ме надигруваше со црни фигури, што на малку шахисти може да им појде од рака. Мораме да направиме нешто за да го запреме мамењето. Што се однесува до мене, не сакам да играм против оние кои мамеле во минатото бидејќи не знам на што се способни во иднината. Има и други работи што би сакал да ги кажам, но не можам да го сторам тоа беа дозвола од Ниман да зборувам отворено. Досега можев да зборувам само со дела, а тие јасно ми кажаа дека не сакам да играм против Ниман. Се надевам дека вистината ќе излезе на виделина, каква и да е – стои во соопштението на светскиот шампион во шах.

Ниман реагираше во јавноста веднаш по предавањето на партијата на Карлсен и порача дека не мами и го обвини светскиот шампион и останати шахисти дека се обидуваат да му ја уништат кариерата.

– Ако сакаат да се соблечам целосно гол, ќе го сторам тоа. Не ми е гајле, бидејќи знам дека сум чист. Ако сакаат да играм во затворена кутија без никаква електронска трансмисија, нема проблем, ќе го сторам тоа. Јас сум тука за да победам и тоа е мојата цел – рече Ниман.

Сè уште не е јасно дали Карлсен има цврсти докази дека 19-годишниот шахист мамел.

Магнус Карлсен е петкратен светски шампион, моментално сè уште титулата е во негова сопственост иако јавно објави дека повеќе нема да ја брани поради немотивираност. Според моменталната ситуација, победникот на „Турнирот на кандидати“, Русинот Јан Непомњашчи, за титулата светски првак ќе игра против Кинезот Динг Лирен. Победникот на тој турнир традиционално добива статус на предизвикувач за светската титула.

Карлсен на крајот на 2021 година убедливо го совлада Непомњашчи, а претходно во мечевите за титулата светски првак беше подобар од Вишванатан Ананд, Фабио Каруана и Сегеј Карјакин.

Карлсен помина со опомена, ФИДЕ ќе отвори истрага против американски шахист поради наводно мамење

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот