Карлсен помина со опомена, ФИДЕ ќе отвори истрага против американски шахист поради наводно мамење

Магнус Карлсен/фото: EPA-EFE/IDREES MOHAMMED

Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) ја осуди постапката на светскиот шампион Магнус Карлсен и најави истрага против Американецот Ханс Ниман поради сомневања дека мамел за време на мечот со Норвежанецот.

Карлсен се повлече од турнирот „Синфилд“ куп на 5 септември откако загуби од 19-годишниот Ниман и на својот профил на Твитер објави дека неговиот противник мамел, односно користел компјутерски програми.

Две недели подоцна, во шестото коло на „Јулиус Баер купот“, онлајн турнир, Карлсен повторно се сретна со Ниман и го предаде мечот по само еден одигран потег.

Претседателот на ФИДЕ, Аркадиј Дворкович, соопшти дека иако двата турнири не се под организација на ФИДЕ, дека сепак ќе го испита случајот и ќе отвори истрага против Ниман.

– Наша должност како управно шаховско тело е да го чуваме интегритетот на шахот и неговиот имиџ – изјави Дворкович.

Тој исто така не се двоумеше да го прекори и светскиот шампион поради неговиот став и повлекувањето од турнирите.

– Светскиот шампион има морална одговорност бидејќи се смета за глобален амбасадор на шахот. Неговите постапки влијаат на репутацијата на неговите соиграчим нба резултатите на спортот и на крајот на краиштата, влијаат и на самиот шах. Цврсто сме убедени дека имаше подобри начини за решавање на оваа ситуација. Во исто време ја делиме загриженоста поради штетите што ги предизвикува мамењето. ФИДЕ долги години води борба против мамењето и имаме нулта толеранција за такво нешто – соопшти ФИДЕ која најави истрага за целиот случај.

– ФИДЕ е подготвен како организација да и наложи на својата комисија за фер плеј да спроведе детална истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот