Светската атлетика воведува тест со брис за да се потврди полот на спортистот
Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) денеска соопшти дека го одобри воведувањето на тест со брис за да се утврди дали спортистот е биолошки жена или не.
Препорачано
– Ова е важен начин да се задржи фокусот на интегритетот на женските натпреварувања. Ова е несомнено патот напред – изјави претседателот на Светската атлетика, Себастијан Коу.
Од 2018 година, регулативите на Светската атлетика бараат од спортистите со родови разлики да го намалат нивото на тестостерон преку хормонска терапија со цел да се натпреваруваат на меѓународно ниво во женска конкуренција.
Оваа регулатива беше поддржана од Судот за спортска арбитража, како и од Федералниот суд во Лозана, кој во својата одлука ја истакна правичноста на натпреварувањето како основен принцип на спортот, врз основа на тоа што нивото на тестостерон им дава предност на спортистките во натпреварувањето.
Датумот за воведување на новите мерки не е одреден, но „се очекува тие да бидат на сила за време на Светското првенство во Токио“, кое се одржува од 13 до 21 септември годинава.


