Филм „Свадба“/Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Свадба“ ја освојува Европа: Повеќе од 100.000 гледачи само го видоа филмот викендов

Филмскиот феномен „Свадба“ од оваа недела е достапен за публиката низ цела Европа, а веќе на самиот почеток на прикажувањето во Австрија, Германија и Швајцарија, филмот забележа неверојатен успех и го потврди статусот на најгледан наслов во последните неколку децении.

Прикажувањето во европските метрополи започнало со официјалната премиера одржана во Виена, а само во текот на првиот викенд, филмот го погледнале повеќе од 100.000 гледачи. Истовремено, за само три дена прикажување, „Свадба“ се искачи на тронот како најгледан филм во Австрија.

Интересот на публиката бил огромен со недели пред премиерата, а билетите за проекциите се распродале со рекордна брзина, додека во некои градови се барала карта повеќе. Поради огромниот интерес, до крајот на неделата планирано е дистрибуцијата да започне и во други европски метрополи.

Во филмот „Свадба“ глуми регионалната актери составена од Драган Бјелогрлиќ, Рене Биторајац, Весна Тривалиќ, Линда Бегоња, Анѓелка Стевиќ Жугиќ, Марко Грабеж, Ника Грбеља, Сека Саблиќ, Сњежана Синовчиќ-Шишков, Срѓан Жика Тодоровиќ, Дејан Аќимовиќ, Денис Муриќ, Марко Миљковиќ, Невена Неранџиќ, Јанко Поповиќ Волариќ, Горан Гргиќ.

Дејството на филмот „Свадба“ следи две богати семејства, едното од Белград, а другото од Загреб, чии деца се заљубуваат далеку од дома. Заплетот започнува со непланирана бременост која го забрзува запознавањето на родителите. Свадбата, која мора да остане строго чувана тајна, станува повод за лавина од комични и напнати ситуации кои брзо излегуваат од контрола.

Авторскиот тим го сочинуваат режисерот и сценарист Игор Шереги, директорот на фотографија Томислав Сутлар, монтажерката Леа Милета, сценографката Јана Пјацун, костимографката Паула Чуле, дизајнерот на звук Иван Желиќ, кои заедно ја донесуваат автентичната приказна во која сатирата вешто се преплетува со реалноста.

ФОТО | Најочекуваниот филм на Балканот: Премиера на„Свадба“ во Белград, веќе ги сруши сите рекорди во Хрватска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот