Фото: Инстаграм/„Свадба“

ФОТО | Најочекуваниот филм на Балканот: Премиера на„Свадба“ во Белград, веќе ги сруши сите рекорди во Хрватска

Свечената премиера на филмската комедија „Свадба“ (Svadba) се одржа вчеравечер во Белград, каде што во култниот Сава центар се собра актерската екипа и бројни гости од јавниот живот.

На настанот присуствуваа актерот Рене Биторајац и актерката Линда Бегоња, додека Анѓелка Стевиќ Жугиќ се појави во придружба на својот сопруг Марко Жугиќ.

Фото: Инстаграм/„Свадба“

Режисерот на филмот, Игор Шереги, исто така пристигна со сопругата. Меѓу присутните беше и актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ, како и други познати личности кои дојдоа да им дадат поддршка на своите колеги.

Фото: Инстаграм/„Свадба“

Филмот веќе бележи исклучителен интерес кај публиката, со рекордно отворање уште во првиот викенд од прикажувањето, неколку дена по успешната претпродажба и големата загрепска премиера.

Фото: Инстаграм/„Свадба“

Дејството ја следи приказната за успешен хрватски претприемач кој на својот роденден дознава дека е пред банкрот. Во исто време открива дека неговата ќерка, која студира во Лондон, е бремена и го очекува детето на српски министер, што отвора низа политички, општествени и семејни заплети, преку кои филмот, со хумор и емоција, проговорува за семејството, идентитетот, љубовта и лојалноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот