Сусамот има безброј лековити својства – Еве за што се може да ви помогне тој!

Сусамот е омилена намирница на ориенталните и северноафриканските народи, а за неговото лековито дејство против ќелавост, првут, забоболка, зуење во ушите, ишијас… знаат многумина…

Сусамот денес најмногу се одгледува во Кина, Индија и Судан, а неговото семе содржи меѓу 45 и 60 отсто квалитетно масло. Семките се исклучително нутриционистички богати.

Семето на сусамот содржи најголема концентрација на фитостерол, состојка според хемиската структура како холестеролот.

Фитостеролите имаат моќ, доколку се доволно присутни во исхраната, да го редуцираат нивото на холестерол во крвта, да го подобрат имунитетот и намалат ризикот од појава на некои типови на карцином.

Сусамовото масло претставува добра превенција против создавање на тромб, односно згрутчување на крвта, но и против долготраен запек. Се препорачува и за отстранување на цревни паразити, чистење на цревата, како и за лекување на хемороиди.

Во народната медицина се користи и за санирање на повреди, акни, чиреви, изгореници.

Сусамот е исклучително богат со железо, па затоа е доволно да се внесе 50 грама од ова семе за да се задоволи дневната потреба на човекот со овој минерал. Освен железото, во големо количество е присутен и калциумот, манганот, бакарот, магнезиумот и селенот.

Од витамините посебно место зазема витаминот Е, кој е силен антиоксиданс што ги штити клетките од стареење, појава на тумор и срцеви болести.

Истовремено, одличен извор е и на тиамин Б1, пиридоксин Б6, ниацин, фолна киселина и рибофлавин.

Сезаминот е уште една состојка, која е важна при заштита на црниот дроб од оксидативни оштетувања.

Истражувањата покажале дека сусамот е ефикасен и при воспаленија и болки кај ревматолошкиот артритис, како и при астматичните напади.

Иако е тежок за чувствителен стомак, сусамот сепак повремено треба да се конзумира, бидејќи е совршен чистач на органите за варење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот