Сиа, Даниел Бернад - Фото: Инстаграм/People

Судот одлучи – Сиа ќе му плаќа на поранешниот сопруг 36 илјади евра месечна алиментација

Светски познатата пејачка Сиа и нејзиниот поранешен сопруг Даниел Бернад постигнаа договор за издршка и старателство над нивниот малолетен син. Според судските документи, пејачката ќе му плаќа на Бернард 42.500 долари (околу 36.850 евра) месечно за издршка на нивниот син Самерсолт Вондер Бернад, роден во март 2024 година, пишува „Ју-ес“.

Детали од договорот

Исплатите започнаа на 1 април и ќе траат додека детето не наполни 18 години. Исклучок е доколку тој сè уште редовно посетува средно училиште, во тој случај издршката ќе се исплаќа до матурирањето, односно најдоцна до 19-тиот роденден.

Поранешните сопружници ќе го делат заедничкото законско старателство, додека физичкото старателство е уредено според прецизен распоред за работните денови и викендите.

Дополнителни финансиски обврски

Покрај месечните уплати, Сиа ќе ги покрива и трошоците за приватно училиште, воншколските активности и медицинските трошоци кои не се покриени со осигурување. Таа исто така е должна да обезбеди здравствено осигурување за синот.

Договорот содржи и одредба за финансиската иднина на детето, Сиа мора да има полиса за животно осигурување вредна 5 милиони долари, каде детето е наведено како корисник, или да основа фондација која би ја обезбедила истата поддршка во случај на нејзина смрт пред тој да стане полнолетен.

Ден Бернард и Сиа на премиерата на филмот „Приказна од западната страна “ („West Side Story“) / Фото: VALERIE MACON / AFP / Profimedia

Поделба на празниците

Договорот детално уредува и како ќе се делат празниците. Бернад ќе поминува време со синот на Денот на татковците и за време на дел од Ханука, додека Сиа ќе има старателство за Денот на мајката, Велигден и Божиќ.

Заднина на разводот

Овој договор е постигнат во рамките на бракоразводната парница која Сиа ја поведе во март 2025 година, една година по раѓањето на синот. Двојката се венчаше во 2022 година.

Во октомври 2025 година, Бернард побара исклучително законско и физичко старателство, тврдејќи во судските документи дека Сиа е „неспособна и непостојана мајка која се бори со зависност“. Пејачката веднаш одговори на судот, наведувајќи дека е трезна повеќе од шест месеци и дека активно учествува во програма за закрепнување.

„Моето закрепнување е темел на мојот живот“, изјави таа тогаш, додавајќи дека разликите во животните стилови довеле до распадот на бракот. Судијата претходно го одби барањето на Бернард за итно доделување на исклучително старателство, сметајќи дека нема доволно докази за таква мерка.

Конечно заврши судската битка за старателството на синот меѓу Сиа и поранешниот сопруг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот