Субвенции за занаетчиите од чаршија за набавка на алати

Град Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на занаетчии во Старата скопска чаршија со кој ќе може да се набават алати и репрометаријали за занаетите што се на изумирање.

Ќе се субвенционира набавката на алати и репроматеријали до 80 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 50.000 денари, со вклучен ДДВ.

Повикот трае до 20 декември, а ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен. Од Град Скопје информираа дека ќе се субвенционираат само докажаните трошоци направени во периодот од 1 јануари до 20 декември годинава.

Право на учество имаат занаетчии кои не добиле буџетски средства за субвенционирање од други извори, кои имаат подмирени обврски кон државата и кон вработените, кои започнале со работа најмалку една година од објавувањето на јавниот повик и кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиска дејност.

Јавниот повик е објавен и на веб-страницата www.skopje.gov.mk, а барањата за субвенционирање се достапни во архивата на Град Скопје.

Апликацијата и комплетната документација треба да се достават во затворен коверт на адресата Град Скопје, Сектор за локален економски развој, булевар Илинден, број 82, 1000 Скопје (со назнака – Комисијата за спроведување на постапка – Пријава за јавен повик за субвенционирање на занаетчии за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање во Старата скопска чаршија), најдоцна до 20 декември.

Дополнителни информации може да се добијат и во Секторот за локален економски развој на телефонскиот број 3297 284 или преку e-маил адресите: [email protected] и [email protected]

Доколку се исцрпат предвидените финансиски средства, Градот Скопје ќе го објави завршувањето на јавниот повик на својата веб-страница.

Јавниот повик е објавен согласно Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата за 2019 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот