Студентката која се снимаше прекачувајќи се кај мечките се извини: Згрешив, но не вознемирував животни

На социјалната мрежа Тик-ток се појави видео коешто предизвика  негативни реакции каде девојката Мила објави како ја пречекорува оградата и влегува кај животните во скопската зоолошка/ Фото: Принтскрин

Откако денес на социјалната мрежа Тик-ток се појави видео коешто предизвика  негативни реакции каде студентката по криминологија на Факултет за безбедност Мила Анастасовска, објави како ја пречекорува оградата и ја малтретира мечката во зоолошка вечерва таа објави ново видео во кое се извинува и тврди дека е голем љубител на животни. 

„Јас сум Мила и сакам да се извинам за видеото кое беше погрешно сфатено од страна на народот. Мојата цел во ниту еден момент не беше да ги повредам или вонемирам животните, а горе кај мечките се качив за да направам интересно видео. Во моментот кога се качив горе кај мечките, видов кришка леб и им ја фрлив. Вистина е дека ги прекршив правилата на Зоолошката градина, но не е вистина дека ги вознемирив животните. Ова е еден лош пример како не треба да се однесувате во Зоолошката градина“, вели во видеото студентката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот