Unsplash
Unsplash

Студентите да побрзаат: до кога е рокот за пријава за студентски оброк?

Студентите имаат рок до 5 март да аплицираат за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година, информира Министерството за образование и наука.

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето-плата, како и студентите запишани на постдипломски и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава.

Од Министерството појаснуваат дека студентите што ги исполнуваат условите, а досега не аплицирале, можат електронски да поднесат барање преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, каде што се објавени и сите критериуми за остварување на правото, како и контактите за поддршка при аплицирањето.

Можност за повторно аплицирање имаат и студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, доколку сметаат дека ги исполнуваат условите.

Овој рок важи и за оние кои не поднеле апликација во претходните активни рокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот