Страв од нови вируси: Ни се закануваат денга, зика, мутации на Х5Н1…

Фото: Wikimedia Commons

Пандемијата на ковид не е официјално завршена никаде на планетата, а светските виролози веќе се загрижени за можноста од појава на птичји грип, се информациите коишто доаѓаат од Европа. И не само тоа, како што за „Данас“ истакнуваат експертите за заразни болести, на чекање се уште 27 вируси кои имаат епидемиски потенцијал да предизвикаат нови епидемии.

Меѓу нив се и вирусите на денга, зика и западен Нил, како и шест типа на коронавирус кои биле откриени кај лилјаците. Без оглед на тоа, во моментов постои страв од мутиран вид на вирусот Х5Н1, предизвикувачкиот агенс на птичјиот грип, кој владее меѓу живината во Европа веќе една година. Во повеќето жаришта е регистриран високопатоген сој на вирусот, што е причина за уништување на десетици милиони живина, наведува „Данас“.

Како што е објавено, според извештајот на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, се работи за најтешкиот бран птичји грип досега регистриран во Европа. Поради ова, европските виролози стравуваат од епидемија кај луѓето и велат дека е само прашање на време кога таа ќе се случи.

Слично го мислат и српските инфектолози и епидемиолози, не само за вирусот на птичјиот грип, туку и за другите предизвикувачи на болести.

Меѓу другото, и поради климатските промени, односно создавање услови за, на пример, комарците и другите инсекти, кои пренесуваат вируси, да мигрираат од нивните сегашни живеалишта во области каде што никогаш не живееле, како што се случи со тигрестиот комарец, кој го пренесува вирусот западен Нил, чија епидемија ја имавме во 2012 година.

Проф. д-р Драган Делиќ, инфектолог, за „Данас“ вели дека можноста за избивање на нова епидемија на заразна болест реално постои, бидејќи во моментов „27 вируси имаат епидемиски потенцијал“.

„Вирусите од различни групи имаат епидемиски потенцијал, а меѓу нив се вируси на грип, денга, западен Нил, зика, ентеровируси, но и многу други. И тоа не е ништо ново. Објавени се и податоци за тоа. Исто така, шест нови видови на коронавирус се докажани кај лилјаците и носат потенцијал за епидемија. Постојат вируси за кои во овој момент не сме свесни и се подготвуваат да ја „прескокнат“ бариерата помеѓу животните и луѓето“, објаснува овој експерт.

Според неговите зборови, од 5.000 вируси во човечката популација, 3.500 се зоонози, односно преминале од животните на луѓето.

„Кога станува збор за вирусот Х5Н1, причината за птичјиот грип, постои реален страв. Но, тоа беше докажано во 1961 година во Јужна Африка со егзотични птици. Првиот случај на инфекција е забележан во 1997 година кај тригодишно момче од Хонг Конг. Така, потребни се 30 години за тој вирус да помине од животно на човек. Кога станува збор за овој вирус, меѓучовечкото пренесување е тешко, односно тешко се пренесува од човек на човек, а првпат таков пренос е забележан во 2004 година“, објаснува проф. д-р Делиќ и додава: „Кога станува збор за сегашните стравови во врска со птичјиот грип, опасноста лежи во тоа дали вирусот ќе се смени во насока неговото пренесување меѓу луѓето да станува полесно“.

Проф. д-р Жарко Ранковиќ, инфектолог од Ниш, кој за „Данас“ вели дека се реални предупредувањата кои во моментот доаѓаат од Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот