Стојоски: Искуството од Токио многу ми значи, остварив најдобро време во мојата кариера

Македонскиот атлетичар се подготвува за новите предизвици/Фото: facebook.com/mok.macedonia.5

Македонската атлетика на неодамнешните Летни олимписки игри во Токио ја претставуваше Јован Стојоски во дисциплината 400 метри.

Во квалификациската трка трчаше со светскиот рекордер Вејд ван Никерк од Јужна Африка и постави нов личен рекорд од време од 46,81 секунди.

На Олимпискиот стадион во Токио Стојоски го освои 38 место од вкупно 48 атлетичари кои учествуваа во квалификациите.

– Премногу сум задоволен од целокупните олимписки игри, и со самиот податок дека трчав со олимпискиот и светски рекордер во мојата дисциплина во иста група.

Остварив најдобро време во мојата кариера токму во Токио, тоа беше и целта. Завршив на 38 место, иако според обложувалниците бев на 45 позиција, а вкупно беа 48 најдобри од светот.

Тоа веќе го оставам зад себе и се подготвувам за новата сезона и следната година. Бидејќи ќе биде Светското првенство во сала и на отворено, Медитеранските игри, Европското првенство во Минхен…Целото искуство од Токио ми значи многу, мотивиран сум многу и верувам во себе! – ни изјави Стојоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот