Атлетичарот Стојоски со личен рекорд во квалификациите на 400 метри во Токио

фото: Македонски олимписки комитет

На Летните олимписки игри во Токио својот настап го имаше и шестиот македонски спортист, единствениот наш претставник во атлетиката, Јован Стојоски.

Тој во 04.09 часот по македонско време беше дел од четвртата квалификациска група во која трчаше и светскиот рекордер Вејд ван Никерк од Јужна Африка.

Го освои претпоследното седмо место во својата група со време 46,81 секунди што е негов личен рекорд, за една стотинка подобро од неговиот досегашен најдобар резултат.

Во неговата група Хозе Ентони Замбрано од Колумбија триумфираше со 44,87 секунди пред Австралиецот Стивен Соломон, а трет заврши Никерк (45,25).

Севкупно Стојоски заврши на 38 место од вкупно 48 пријавени во оваа атлетска дисциплина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот