Стојановски на позајмица во втората француска лига

фото:ффм

Како што официјално информира неговата екипа Ним (со која има договор до 30 јуни 2022 година), Влатко Стојановски следната сезона ќе игра како позајмица во редовите на Шамбли.

Македонскиот репрезентативец ќе игра за клуб кој следната сезона ќе игра во второто по квалитет француско првенство или „Лига 2“ од која на крајот од сезоната првопласираните две екипи обезбедуваат место во најдобрата француска „Лига 1“.

Нашиот напаѓач пред да се пресели во Франција беше најдобар стрелец во Првата македонска лига во дресот на Ренова во сезоната 2018/2019. И покрај конкуренцијата од Борусија Менхенгладбах (Германија) и турскиот Трабзонспор, одлучи за 1.5 милион евра лани да направи трансфер во Ним кој пак и следната сезона ќе игра во најсилната француска лига.

23-годишниот напаѓач за Ним запиша шест настапи во „Лига 1“ и постигна два гола во лигашкиот куп. И од Шамбли информираат дека му е потребна поголема минутажа, па овој чекор е можност да се развива уште повеќе како играч во Франција.

Стојановски ќе го пропушти стартот на новата сезона (22 август домашен меч против Париз), но се најавува дека ќе биде во составот за второто коло и гостувањето кај Ниорт на 29 август.

Македонскиот репрезентативец Младеновски ќе игра во Данска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот