Стојановски го напушти По Ортез, но остана во Франција! (ВИДЕО)

фото: твитер

Капитенот на македонската кошаркарска сениорска репрезентација ќе игра за моментно седмопласираната екипа во најсилниот француски шампионат.

Во претходните два месеци ги бранеше боите на По Лак Ортез, а денеска нашиот интернационалец има нов клуб во Франција.

Војдан Стојановски ќе игра за екипата на Гравелин која настапува во најсилната француска кошаркарска лига и моментно е на седмото место на табелата.

Новиот клуб го претстави Македонецот со просек од 15.3 поени, 3.5 асистенции по меч, со 58% успешна реализација за три поени.

Својата кариера ја започна во Вардар, потоа беше дел уште од АМАК СП, Напредак Крушевац, Фени Индустри, Черкаски Мавпи, Доњецк, Алба Берлин, МораБанк Андора, Реал Бетис, Бујукчекмече и Олденбург.

Да додадеме уште дека В. Стојановски, капитенот на македонската репрезентација, ќе биде присутен на првата официјална прозивка на 13. февруари кога ќе започнат подготовките за првите натпревари од квалификациите за ЕП 2021.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот