ашковски
Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Ашковски/Фото: instagram.com/FFMacedonia/

Стефан Ашковски по евакуацијата од Иран: Не сум спиел ни јадел три дена

Стефан Ашковски ги опишува драматичните моменти низ кои поминал

Стефан Ашковски успешно го напушти Иран среде воениот вител и се префрли во Турција.

Ашковски даде изјава за романското спортско гласило „Фанатик.ро“ со која ја опишува драмата низ која поминал при евакуирањето од Ирак.

– Добро сум, но не можам да зборувам во моментов. Ја преминувам границата со Турција, премногу сум под стрес. Само сакам да најдам хотел. Не сум спиел ниту јадел три дена. На пат сум за Истанбул, а потоа дома во Македонија. Сè уште не знам што ќе се случи со мојот договор. Не можам повеќе да зборувам – изјавил Ашковски за „фанатик.ро“ во текот на вчерашниот ден.

Ашковски зимава од Раднички Ниш се префрли во иранското првенство, во тимот Мес Рафсанџан.

Ашковски (34) во текот на својата кариера, меѓу другото, играше за два романски тима. Тоа се ФК Ботошани и Шепши ОСК.

Репрезентативецот Стефан Ашковски евакуиран од Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот