Стефан Ашковски/Инстаграм

Репрезентативецот Стефан Ашковски евакуиран од Иран

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски е меѓу македонските граѓани кои беа извлечени од Иран по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Од Министерство за надворешни работи соопштија дека фудбалерот бил безбедно евакуиран преку Турција, но засега нема официјална потврда дали сè уште се наоѓа таму или веќе се вратил во земјава.

Ашковски од јануари настапува за иранскиот прволигаш Мес Рафсанјан, каде што ја продолжи интернационалната кариера. Триесет и четиригодишниот дефанзивец зад себе има 40 настапи во дресот на македонската репрезентација и важи за еден од поискусните играчи во националниот тим.

Од МНР информираат дека досега околу 400 македонски државјани побарале асистенција за напуштање на кризното подрачје, а дипломатските служби се во постојана координација за нивна безбедна евакуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот