Ставен под контрола пожарот кај Мармарис

Турција пожар/ Фото EPA/DIMITRIS ALEXOUDIS

Противпожарните екипи успеаја да го стават под контрола шумскиот пожар што денеска избувна во турската туристичка област Мармарис во западната провинција Мугли, јави Анадолија.

Пожарот од се уште непозната причина избувнал во шумскиот предел во Турунц, а поради ветерот брзо се проширил и стигнал до објектите.

Противпожарните единици на Подрачното шумско стопанство во Мугла брзо реагираа и при гаснењето на пожарот употребија противпожарни хеликоптери.

Гувернерот на Мугла, Орган Тавли соопшти дека пожарот е ставен под контрола и дека пожарникарите продолжуваат со гаснењето на пожарот кој повеќе не се заканува да се прошири.

Тавли рече дека во пожарот нема настрадани.

Пожарот го зафатил и во голема мера го оштетил хотелот на Универзитетот „Ситки Кочман” во Мугла, а спасувачките екипи навремено ги евакуирале луѓето од зградата. Изгорени се и поголем број автомобили.

ВИДЕО: Шумски пожар избувна во близина на хотели и населени места кај Мармарис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот