Стартува никогаш посилен Евробаскет, четири кошаркари се повеќекратни „Ол-стар“ ѕвезди

Словенија ќе ја брани титулата на Евробаскет 2022/Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Од денеска до 18 септември во четири земји (Чешка, Грузија, Италија, Германија) ќе се одржува 41 Европско првенство во сениорска конкуренција.

Титулата ја брани репрезентацијата на Словенија која во 2017 година успеа за првпат во својата историја да се закити со европската титула.

Словенците се фаворити и годинава за златото, но според обложувалниците се очекува во сериозна трка за трофејот да бидат селекциите на Србија, Франција, Грција, Литванија, Шпанија…

Дефинитивно стартува никогаш посилен Евробаскет, четири кошаркари се повеќекратни „Ол-стар“ ѕвезди со плати над 30 милиони долари. Тие се Никола Јокиќ (Србија), Лука Дончиќ (Словенија), Јанис Адетокумпо (Грција) и Руди Гобер (Франција).

Од екс ју просторите вкупно пет земји ќе настапат на ЕП: Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Македонија последен пат учествуваше на континенталниот собир во 2015 година.

Евробаскет 2022

Група „А“ (Тбилиси, Грузија)

1. коло, денеска

Шпанија – Бугарија (13.30 часот)
Турција – Црна Гора (16.15 часот)
Белгија – Грузија (19.00 часот)

Група „Б“ (Келн, Германија)

1. коло, денеска

Босна и Херцеговина – Унгарија (14.30 часот)
Словенија – Литванија (17.15 часот)
Франција – Германија (20.30 часот)

Група „Ц“ (Милано, Италија)

1. коло, 2 септември

Украина – Велика Британија (14.15 часот)
Хрватска – Грција (17.00 часот)
Италија – Естонија (21.00 часот)

Група „Д“ (Прага, Чешка)

1. коло, 2 септември

Израел – Финска (14.00 часот)
Полска – Чешка (17.30 часот)
Србија – Холандија (21.00 часот)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот