Стартува македонскиот одбојкарски шампионат, Струмица и Јанта волеј ќе го бранат тронот

Викендов стартуваат првите натпревари во новата сезона од најдобрата македонска машка и женска одбојкарска лига/фото: vfmkd.mk

По репрезентативните активности летово и настапот на македонските одбојкари на Европското првенство во Тампере, во наредните месеци во прв план ќе бидат нашите одбојкарски клубови.

11 во машка и осум во женска конкуренција утре ќе го почнат натпреварувањето во 29 македонски одбојкарски шампионат. Струмица 47 & 72 и Јанта волеј Кисела вода ќе го бранат тронот, а неколку нивни конкуренти, главно истите од лани, ќе ја задржат амбицијата да ја освојат титулата.

Во премиерната рунда кај мажите, актуелниот вицепрвак Универзитет во Тетово ќе го пречека составот на Штип УГД, а саботната двојна програма во градот под Шара ќе почне со пресметката на Шкендија и на Дибраволеј. Тетовските тимови се фаворити не само поради ланскиот пласман, туку испоред плановите со коишто ќе влезат во сезоната 2021/22.

Кај жените дербито е меѓу ланските полуфиналисти Струмица жени и Работнички Скопје, две екипи со квалитет да конкурираат за врвот и сезонава, а победа во првиот натпревар ќе значи поголема самодоверба пред воведниот дел во којшто ќе се игра според „принципот секој со секого, дома и на гости“, значи ќе има вкупно 14 кола. Според правилата за натпреварување, првиот дел ќе гоминат најдобрите четири, што значи дека битката за полуфинале ќе биде решена уште по есенските 14 кола. Во Втората фаза-1 и во Втората фаза-2 ќе има по шест средби. Во понискиот квалитативен ранг во женска конкуренција ќе има девет екипи, но тие нема да играат овој викенд, туку натпреварувачката2021/22 ќе ја почнат во некој друг термин.

Прва лига (мажи), 1.коло

Универзитет во Тетово – Штип УГД (сабота, 20.00)

Вардар – Лирија (сабота, 18.00)

Шкендија – Дибра волеј (сабота, 18.00)

Јанта волеј – Македонија Џио (сабота, 16.30)

ГОК Борец – Весна Пробиштип (понеделник, 20.00)

– Слободна е екипата на Струмица 47 & 72

Прва лига (жени), 1.коло

Струмица – Работнички Скопје (сабота, 19.00)

Вардар – Пелистер волеј (сабота, 18.00)

Јантаволеј КВ – Фит фан волеј (сабота, 19.00)

Универзитетво Тетово – Наковски волеј (сабота, 17.00)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот