Стартува Евроволеј 2023 во Скопје: Трета среќа за македонските одбојкари до прво осминафинале

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

По третпат во својата историја, најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија ќе игра на европските првенства. На дебито во 2019 година го освоивме 17 место, а две години подоцна завршивме на 23 позиција.

Сега желбите на нашите најдобри одбојкари предводени од селекторот Јошко Миленкоски се пласман во осминафиналмата фаза, влез меѓу најдобрите 16 во Европа.

Годинава континенталниот собир се организира во Македонија, Бугарија, Израел и Италија, а во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ нашите одбојкари ќе ги играат натпреварите од групата „Ц“.

Распоредот на натпреварите на Македонија на ЕП 2023:

30.08.2023 МАКЕДОНИЈА – Данска (20.00 часот)
02.09.2023 МАКЕДОНИЈА – Црна Гора (20.00 часот)
03.09.2023 МАКЕДОНИЈА – Полска (20.00 часот)
05.09.2023 МАКЕДОНИЈА – Холандија (17.00 часот)
06.09.2023 МАКЕДОНИЈА – Чешка (20.00 часот)

ФОТО | Миленкоски пред настапот на ЕП: Момците даваат се од себе, можеме да испишеме нова историја

Можеби токму првите два натпревари се шанса за македонската репрезентација да направи добри резултати кои ќе им го донесат посакуваниот пласман во следната фаза. Добро се познаваме против Данците кои до сега ги победивме на седум од 10 дуели. Натпреварот е од 20.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а одбојкарите посакуваат голема поддршка од трибините.

Миленкоски се надева на успешен настап на ЕП, имаше одлични подготовки и верува во пласман меѓу најдобрите 16. На спротивната страна данскиот селектор Кристиан Кнудсен вели дека Данска има доволно искуство за овој предизвик. За него Полска и Холандија се фаворити во групата, но Данска нема да се предаде и ќе се обиде да игра добра одбојка во сите натпревари.

Европско првенство во одбојка 2023

Денеска, двојки –

16.00 часот Турција – Франција
16.30 часот Словенија – Украина
18.00 часот Германија – Естонија
19.00 часот Романија – Португалија
19.30 часот Финска – Хрватска
20.00 часот Македонија – Данска
21.00 часот Швајцарија – Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот