„Стаклена торта“ е новиот вкусен тренд кој е прелесен за подготовка! (ФОТО)

Instagram

Руската блогерка за храна, Олга Носкова, позната е по тоа што често споделува фотографии од десерти украсени со многу мазна и сјајна глазура, така што имаат „стаклен ефект“.

Сепак, иако изгледаат како направени од стакло, овие слатки се превкусни, а Олга има и објавено рецепт за прочуената глазура.

Состојќи:

– 20 грама желатин во прав
– 120 милилитри вода
– 300 грама глукоза
– 300 грама шеќер
– 150 грама путер
– 200 грама засладено кондензирано млеко
– 300 грама чоколада (црна, бела или млечна)
– боја за храна

Подготовка:

Ставете го желатинот во ладна вода. Згответе ги глукозата, шеќерот и водата. Тргнете од ринглата и во смесата додајте го желатинот.

Додадете го кондензираното млеко. Прелијте врз чоколадата и путерот и мешајте додека меурчињата со воздух не исчезнат.

Температурата на глазурата треба да биде 35 степени, па потоа додадете ја бојата која ја сакате. Мермерниот изглед на колачот се постигнува со преливање врз него повеќе бои на глазури одеднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот