ССМ: Газдите да исплатат 250 проценти поголема дневница за работа на празник

Од Синдикатот порачуваат дека работниците мора да бидат информирани за да не ги манипулираат нивните газди и апелираат сите злоупотреби да се пријават во ССМ за да можат да ги спречат. 

Работниците кои работат за празниците треба да добијат 250 проценти поголема дневница од обичен работен ден, ги постесети денеска ССМ газдите на фирмите кои за Бадник и Божиќ работат, а кој согласно Законот за празниците на РМ денешниот е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед и утрешниот ден е неработен за сите граѓани.

-Согласно член 24, став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор „За  работа  во  денови  на  празници  и  неработни  денови  утврдени  со  закон,  работникот  има право  на  надомест  на  платата  што  му  припаѓа  кога  во  тие  денови  не  работи  и  плата  за поминатите  часови  на  работа  зголемена  за  50 проценти, односно една дневница како за работникот кој не работи и една дневница зошто денеска работникот работи зголемена за 50 отсто или вкупно 250 проценти за работник кој работи на Државен празник, нагласуваат од Сојузот на синсикати на Македонија

Од Синдикатот порачуваат дека работниците мора да бидат информирани за да не ги манипулираат нивните газди и апелираат сите злоупотреби да се пријават во ССМ за да можат да ги спречат. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот