Фото: EPA-EFE/MARKO KAROVIC

Српски Радар: Нов доказ покажува дека власта ја отворила железничката во Нови Сад пред да биде завршена

Трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, чија настрешница на 1 ноември 2024 година усмрти 16 лица, не беше изолиран инцидент, како што властите се обидуваат да го прикажат, туку резултат на брзањето на државниот врв објектот што побрзо да почне да се користи. Многу документи објавени по трагедијата потврдуваат дека во тој момент јавниот простор не бил завршен и дека до фаталниот колапс дошло практично на градилиште кое, заради политичка пропаганда, било камуфлирано како функционална станица, пишува српскиот Радар.

ВИДЕО | Нова анализа открива шокантни факти за уривањето на натстрешницата во Нови Сад

Според неделникот, нов доказ за ова не се само изјавите на функционерите, кои тврдеа дека станува збор за една од најмодерните и најубавите станици во цела Европа, туку и полисата за осигурување на тој објект, која претставува своевидно „признание на рати“.

„За разлика од политичките наративи, кои се подложни на различни толкувања, премиите за осигурување се егзактни и директно ја одразуваат цената на зголемениот ризик. Затоа секој од 132.723 долари кои (кинеската) компанија CRIC како член на конзорциумот во август 2024 година ги уплатила на една домашна осигурителна компанија врз основа на Анекс 2 од полисата за осигурување број 7789319, склучен за покривање на дополнителен ризик за време на тестирањето, претставува материјален доказ дека станицата во јули не била подготвена за употреба“, анализира српскот Радар.

Како што пишува медиумот, првичната структура на осигурувањето била кристално јасна, па оригиналната полиса била склучена за периодот од 15 септември 2021 до 15 јуни 2024 година, бидејќи се сметало дека до тогаш ќе бидат завршени работите и дека целиот систем ќе се тестира во наредните 12 недели, до 7 септември.

„Меѓутоа, станицата свечено била отворена на 5 јули, а 41 ден по првите патници што влегле во неа, на 15 август, CRIC потпишал Анекс 2 на полисата за осигурување и уплатил дополнителна премија од 132.723“, објави Радар.

Со тоа периодот на тестирање бил продолжен до 25 март лани, а периодот на одржување до 25 март оваа година.

Српскиот министер Весиќ нема да одговара за падот на настрешницата, куртулија и повеќето други функционери

Инаку, падот на настрешницата и смртта на 16-те луѓе поттикна масовни протести ширум Србија, каде студенти и граѓани oттогаш постојано бараат правда, одговорност, но и смена на повеќе политики на оваа земја.

ВИДЕО | Жителите на Нови Сад пречекуваат илјадници студенти и граѓани од цела Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот