Горан Весиќ / Фото: biografija.org

Српскиот министер Весиќ нема да одговара за падот на настрешницата, куртулија и повеќето други функционери

Советот на Вишиот суд во Нови Сад ја прекина постапката против поранешниот српски министер за транспорт Горан Весиќ и ексдиректорката на „Инфраструктура Железница Србија“ Јелена Танацковиќ, во случајот со падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, пренесуваат српските медиуми.

Тие беа обвинети за тешко кривично дело – предизвикување општа опасност.

Покрај Весиќ и Танацковиќ, со обвинението беа опфатени тринаесетмина.

Како што пишува „Данас“, прекината е постапката и против Анита Димовски, поранешна вршителка на должноста помошник-министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и Милан Спремиќ, Марина Гавриловиќ и Дејан Тодоровиќ, кои беа обвинети за тешко кривично дело против општата безбедност во врска со неправилни и нерегуларни градежни работи.

Советот смета дека нема доволно докази што би го поткрепиле сомневањето дека обвинетите ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар.

Весиќ и Димоски остануваат во домашен притвор, а на останатите им е укината забраната за напуштање на домот.

Во однос на другите обвинети, судот утврди дека постојат доволно докази за основано сомнение дека обвинетите Небојша Шурлан, поранешен генерален директор на „Инфраструктура железнице Србија“, Слободан Наумовиќ, Милан Јекиќ, Љиљана Милиќ Марковиќ, Јасна Стојиљковиќ Милиќ, Зорица Славковиќ Марјановиќ и Душан Јанковиќ ги сториле кривичните дела што се предмет на обвинението.

Имајќи ги предвид горенаведените докази, од кои произлегува горенаведениот заклучок, судот оцени дека постојат основи за сомнение дека обвинетите постапиле спротивно на прописите, како и дека имало пропусти во извршувањето на работите, одржувањето на објектот и надзорот, што на крајот довело до последиците што се предмет на обвинението.

Поднесено е обвинение против поранешниот министер Весиќ и уште 12 луѓе за падот на настрешницата во Нови Сад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот