Српска листа: Србите не се повлекуваат од барикадите, иако Вучиќ мисли дека тоа би било добро

Фото: Нова.рс/приватна архива

Претседателот на Српската листа од Косово, Горан Ракиќ, по разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србите одбиваат да се повлечат од барикадите на северно Косово, иако претседателот Вучиќ смета дека тоа би било добрo.

„Само што ги завршивме разговорите со претседателот Вучиќ, сега ќе одиме да разговараме со нашите луѓе на Косово и Метохија. Добивме важна вест за пуштањето на Пантиќ, Недељковиќ и останатите уапсени лица, успеавме да ги прочитаме гаранциите на Европската унија дека нема да има апсења за учество во барикадите, како и гаранцијата на КФОР дека косовските безбедносни сили нема да дојдат на северот без наша согласност, рече Ракиќ за ТВ Пинк.

Тој додаде дека претседателот Вучиќ смета дека е добро да се отстранат барикадите, но дека Србите не ѝ веруваат ништо на владата на Албин Курти ниту на меѓународните гаранции, туку само на Вучиќ.

„Го поканувам претседателот да дојде на разговорите во Рашка и да го сослуша народот од барикадите, затоа што му веруваме само на претседателот Вучиќ, рече Ракиќ и додаде дека барањата ќе ги изнесе вечерва.

Директортот на Канцеларијата за Косово Петар Петковиќ денеска соопшти дека на состаникот во Белград со Србите од Косово, претседателот Александар Вучиќ ги замолил да се повлечат од барикадите.

Инаку Никола Недељковиќ, кој помина шест месеци во притвор под обвинението на Приштина за „поттикнување етничка омраза и нетрпеливост“, денеска е пуштен на слобода.

И полицаецот Дејан Пантиќ, поради чие апсење Србите пред 19 дена подигнаа барикади на северот од Косово, ќе биде пренесен во домашен притвор, одлучи судот во Приштина

ВИДЕО | Недељковиќ пуштен на слобода: Бев во затвор само затоа што сум Србин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот