Вучиќ ги замолил Србите од Косово да се повлечат од барикадите
Во овие невозможни услови, кога бевме на работ на конфликт, добиваме гаранции, кои се најсилните гаранции што сме ги имале досега кога станува збор за овие изјави кои доаѓаат од ЕУ и од САД околу барањата на Србите од Косово, рече на прес-конференција Директорот на српската владина Канцеларија за Косово Петар Петковиќ.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Претседателот Вучиќ се бореше за секоја педа да се договори, да спаси животи, вчера беше во Рашка, разговорите траеја до полноќ, се слушна со Лајчак и Ескобар“, рече Петковиќ.
Тој дополни дека добиле официјално заедничко соопштение дека се исполнува второто барање, каде најважниот дел е да нема списоци за апсење или гонење на Срби за учество во мирните блокади.
„Секако најдобрата вест е што можевме да слушнеме дека Дејан Пантиќ е пуштен во домашен притвор. Ова е голема победа, пред се за српскиот народ на Косово, бидејќи покажува дека Дејан Пантиќ не е виновен за тоа за што е обвинет, за некаков тероризам.Тоа беше израз на политичката конфронтација на Албин Курти со Србите на Косово “, рече Петковиќ.
Поради сите овие гаранции, додаде Петковиќ, на состанокот во Белград со Србите од Косово, претседателот Александар Вучиќ ги замолил да се повлечат од барикадите. Тој вечерва ќе оди на административната линија соопшти Петковиќ.
Според Горан Ракиќ, претседателот на Српската листа, Вучиќ ги уверил Србите дека „безбедносните сили на Косово нема да можат да одат во северниот дел без дозвола“.
Денеска Никола Недељковиќ, кој помина шест месеци во притвор под обвинението на Приштина за „поттикнување етничка омраза и нетрпеливост“, беше пуштен на слобода. И полицаецот Дејан Пантиќ, поради чие апсење Србите пред 19 дена подигнаа барикади на северот од Косово, ќе биде пренесен во домашен притвор, одлучи судот во Приштина.
ВИДЕО | Недељковиќ пуштен на слобода: Бев во затвор само затоа што сум Србин


