Србија ја совлада Кина во првото коло од „Јунајтед купот“

фото: EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Тениската репрезентација на Србија триумфираше денеска против Кина со 2;1 во првото коло од групата „Е“ во Јунајтед купот.

Во решавачкиот меч Олга Даниловиќ и Новак Ѓоковиќ во микс дубл мечот ги совладаа Кинвен Женг и Жижен Женг со 2:1 по сетови 6:4, 1:6 и 10:6.

Претходно во сингл мечевите Ѓоковиќ со 2:0 го победи Женг, додека Даниловиќ загуби од Женг со истиот резултат.

Даниловиќ и Ѓоковиќ стигнаа до победата после еден час и 27 минути игра.

Во рамките од второто коло репрезентацијата на Србија ќе игра против Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот