„Спотифај“ ја објави листата на најслушани во историјата – Тејлор Свифт на врвот, „Blinding Lights“ е најслушана песна
Стриминг-платформата „Спотифај“ по повод својата 20-годишнина за првпат ги објави најслушаните артисти, песни, албуми и поткасти во својата историја.
Препорачано
На листата на најстримувани изведувачи на сите времиња убедливо води Тејлор Свифт, пред Бед Бани и Дрејк. Во топ 5 се најдоа и Д Викенд и Аријана Гранде.
Кога станува збор за албумите, најслушан во историјата на платформата е „Un Verano Sin Ti“ на Бед Бани, додека веднаш зад него се „Starboy“ на Д Викенд и „÷“ на Ед Ширан.
Најголемо изненадување нема кај песните – апсолутен рекордер е хитот „Blinding Lights“ на Д Викенд, кој со години доминира на стриминг-платформите. Зад него се „Shape of You“ на Ед Ширан и „Sweater Weather“ на „Д Нејборхуд“.
„Спотифај“ објави и листа на најслушани поткасти, каде што убедливо води поткастот на Џо Роган, како и најпопуларните аудиокниги, меѓу кои доминираат делата на Сара Џ. Мас.
Од компанијата посочуваат дека овие листи даваат јасна слика за музичките навики на стотици милиони корисници ширум светот, иако резултатите се под силно влијание на растот на платформата во последните години.
Со околу 290 милиони претплатници, „Спотифај“ и натаму е убедливо најголемата музичка стриминг-платформа во светот, а во наредните денови се очекуваат уште подетални податоци и анализи.
Што е „Архивата на Ана“ и зошто „Спотифај“ тужи за неверојатни 13 милијарди долари?


