Спортските риболовци уловија сом од 50 килограми (ФОТО)

facebook.com/pg/Спортски-риболов

Спортските риболовци Никола Полизовски и Александар Христоманов од Струмица вчера околу 17 часот уловија сом тежок точно 50 килограми.

– Сомот го уловивме со техника „бучка”, со мамец жива риба. Се подготвуваме да излегуваме и во тој момент рибата силно повлече. Капиталецот го влечеше Александар околу дваесетина минути, а јас го прифатив во чамецот, односно зеднички го извадивме на безбедно – раскажува Никола Полизовски.

Додава дека сомот им е најголема уловена риба досега и е меѓу поголемите од овој вид фатени во државата.

mia.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот